back to top
2.8 C
Skopje
01.02.2025
Google search engine
домаБАЛКАНПочина Миодра...

Почина Миодраг Костиќ, еден од најбогатите Балканци: Првиот милион го спечалил на старомоден начин – сам

Еден од најбогатите Балканци, сопственикот на познатата „МК Груп“, Миодраг Костиќ, кој почина во средата, во 2017 година, со приход од 700 милиони евра, магазинот „Форбс“ го рангираше како петти најбогат на Балканот и прв во Србија.

Многумина ги интересира како овој човек со работничко потекло стекнал толкаво богатство. А според неговото кажување првиот милион го добил на старомоден начин, односно го спечалил самиот.

Тој потекнувал од работничко семејство од црногорскиот град Никшиќ, каде што Костиќ живееле 300 години. Пред да се роди родителите му се преселиле во Србија, во Врбас, каде што пораснал и завршил училиште.

– Излегов рано на улица и се изнагледав сè. Татко ми беше класичен Црногорец, строг, некој со кој нема шега. До 12 години бев ѓаволесто дете. Целиот со модрици. Еднаш му го украдов камионот на татко ми. Пред да стане продавач, тој го паркираше камионот пред куќата, а јас на осум години зедов шајка наместо клуч и го стартував. Тогаш немаше хидраулични волани и бидејќи улиците беа направени од кал, изгубив контрола и паднав во дупка сосе приколката. Добив такво тепање што тоа беше страшно. Денеска не пијам, но на 13 години така се начукав што едвај останав жив. Испив два литра ракија од цреша. Бев клинички мртов, едвај ме вратиле во живот. Ракијата ја најдов во шпајзот на баба ми. Негде во петто одделение почнав да пушам. На летување кај баба ми во Црна Гора испушив две кутии „Ловќен“ без филтер. Повраќав цела ноќ. Оттогаш не запалив цигара, изјавил Костиќ во едно интервју, пренесоа неколку српски медиуми.

Во многубројните изјави тој рекол дека условите го натерале да отвори свој бизнис, а знаел и да се спореди со Бил Гејтс, кој фирмата ја стартувал во иста година со него.

– Со тоа што Гејтс беше послаб од мене во 1983 година. Тој наводно почнал со еден мал компјутер, а јас со 40 илјади долари…, рекол Костиќ.

Тој се занимавал со многу работи, како земјоделство, трговија, туризам, ИТ, ја поседувал месната индустрија „Карнекс“, неколку банки… Во јавноста стана познат како крал на шеќерот кога презеде мелници за шеќер, по што стана и најголем извозник на шеќер во Европа.

-Јасно е дека не може да се купи фабрика за шеќер за три евра. Со таа набавка презедов и 30 милиони евра обврски, но и тоа не беше доволно. Морав да вложам уште 20 до 25 милиони обртни средства за да може таа фабрика за шеќер да работи сериозно. А за четири мелници за шеќер беа потребни 85 милиони евра додатен капитал, објасни тој во една прилика.

Во бизнисот бил повеќе од успешен иако Економскиот факултет го завршил со историски најнизок просек од 6,2. Со дипломата в раце отворил фирма за чистење оџаци, а богатството го градел и преку продавање пуканки, разни намирници наголемо. Успеал да купи и фабрика за тули на јавно наддавање. Едно време живеел и во САД.

МК Група сега ја наследува неговиот 30-годишен син Александар кој е школуван во странство, а веќе шест години е потпретседател на групацијата.

 

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари