back to top
5.8 C
Skopje
31.01.2025
Google search engine
домаАмериканскиот...

Американскиот генерал Весли Кларк, кој го водеше бомбардирањето на Србија, стана почесен граѓанин на Чаир

Американскиот генерал Весли Кларк, кој го водеше бомбардирањето на Србија во 1999 година, стана почесен граѓанин на скопски Чаир.

Титулата од страна на градоначалникот на Општина Чаир, Висар Гану, му беше врачена синоќа во Албанскиот театар во Скопје.

Меѓу присутните беше и Изет Меџети, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање.

Во 1997 година Кларк стана врховен командант на Обединетите сили на НАТО за Европа, а на 23. март 1999 година од тогашниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана ја доби наредбата за почеток на воена реакција „за геноцидот во Косово од поранешна Југославија“, без одобрение на Советот за безбедност на Обединетите Нации.

Фото: Општина Чаир/Гану

The post Американскиот генерал Весли Кларк, кој го водеше бомбардирањето на Србија, стана почесен граѓанин на Чаир appeared first on еМагазин.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари