back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАКузмановска: ...

Кузмановска: 60 здравствени работници вклучени во едукација преку ЕУ проект за поддршка на системот за трансплантација

Во рамки на проектот „Поддршка на системот за трансплантација“ финансиран од Европската Унија, почнувајќи од денес се реализира четиридневна едукација на здравствени работници.

-Во посета на Македонија е д-р Власта Мерц, едукатор од Хрватска, болнички координатор за трансплантација. 60 здравствени работници од различни профили се вклучени во оваа четиридневна работилница, меѓу кои специјалисти, специјализанти,медицински сестри, болничари и тн.
Оваа едукација има цел продлабочување на знаењата во рамки на континуираната медицинска едукација во областа на трансплантација и раководење на процесите за трансплантација, посочи проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Овие едукации продолжуваат и во декември, додека во јануари согласно планот предвидено е во Македонија да присуствува предавач од Словенија.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари