back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТСмогот над Па...

Смогот над Пакистан е видлив од вселената, покажуваат сателитски снимки на НАСА

Сателитски снимки на НАСА покажуваат дека смогот над Пенџаб е видлив од вселената, додека во тој регион во источен Пакистан се регистрирани рекордни нивоа на загаденост на воздухот, поради што властите ги забранија повеќето активности на отворено, објави денеска Скај њуз.

Сликите на НАСА Worldview покажуваат источен Пакистан покриен со токсична магла, со смог кој се протега до северните региони на Индија и Њу Делхи.

Повеќе од 40.000 луѓе во Пакистан веќе се лекувани од респираторни заболувања предизвикани од аерозагадувањето, а Лахоре, главниот град на Пенџаб, каде живеат 14 милиони луѓе, сè уште има индекс на загаденост на воздухот од повеќе од 400, како што е измерено на веб-страницата IQAir, додека секое отчитување над 300 единици се смета за опасно.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари