back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаБАЛКАНВелешкиот теа...

Велешкиот театар со две награди на 20. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора

Актерите Јована Миладинова и Васил Зафирчев од Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ се наградени на 20. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора. Миладинова за Изабел де Валоа во претставата „Едвард Втори“ доби Гран при за главна женска улога, а Зафирчев за Пирс Гејвстон во истата претстава доби Гран при за споредна машка улога.

Претставата „Едвард Втори“ е работена според текст на Сашо Димоски и Андриј Жолдак, а режијата е Андриј Жолдак.

Одлуката ја донела жири-комисијата во состав: Зијах А.Соколовиќ, Весна Чипчиќ и Милош Латиновиќ.

– Јована Миладинова храбро исчекорува од просторот на својот моментален животен хабитус и смело се препушта на значајна режисерска постапка и на фасцинантен начин, низ збор, движење и енергија, го креира ликот на Изабела, жена распната помеѓу љубовта, страста, но и желбата за власт и висините на моќта, се вели во образложението за наградата.

Жири-комисијата наведува дека Васил Зафирчев го креира ликот на Гејвстон со особена сценска лирика, но и со прецизни актерски средства кои се потпираат на кореграфија и сценско движење.

Јована Миладинова  за улогата на Изабел де Валоа во претставата „Едвард Втори“ доби награда за најдобра млада актерка „Рејхан Демиржиќ“ на Меѓународниот фестивал на мали и експериментални сцени во Сараево, МЕСС.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари