back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Две бебиња заболени од голема кашлица

Три нови случаi на болеста голема кашлица се регистрирани во земјава во периодот од 1 до 7 ноември, објави Институт за јавно здравје.

Пријавени се два случаја во Скопје и еден од Кратово.

Два од случаите се на возраст под 1 година, невакцинирани и еден над 50 години со непознат вакцинален статус, велат од ИЈЗ и додаваат дека двајца се хоспитализирани.

Во 2024 година се регистрирани 1.154 лица, заболени од голема кашлица.

Најголем број од заболени лица се регистрирани на територијата на Скопје (70,5%), а заболени се регистрирани и во 22 други градови низ Македонија.

Од вкупниот број на регистрирани случаи (1.154), 731 случаи (односно 63,3%) не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација, стои во известувањето од Институтот за јавно здравје.

The post Две бебиња заболени од голема кашлица appeared first on Република.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари