back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Русија постави 53 сателити во Земјината Орбита

Русија оваа недела лансираше вкупно 53 мали сателити, од коишто најмногу од домашно производство, но и меѓународни сателити. Руската вселенска агенција Роскосмос истакна дека 51 домашен сателит лансиран со една ракета е нов национален руски рекорд.

Ракетата „Сојуз-2“ со горен дел „Фрегат“ полета од Вселенското пристаниште „Восточни“. Во Земјината Орбита се однесени 49 руски сателити, еден руско-кинески, руско-зимбабвеански, и два мали ирански сателити, потврди Роскосмос.

Сепак, други ракети носеле поголем товар во Орбитата, а рекордер е „Спејс-Икс“ со вкупно 143 сателити лансирани со помош на една „Фалкон 9“ ракета во јануари 2021 година.

Ова беше 13-то руско лансирање годинава. Иако Русија беше најактивната земја во сферата на вселенски лансирање пред 10 години, тоа темпо опадна. Благодарение на ракетата „Фалкон 9“, САД го зголемија своето темпо, а и Кина прави нешто слично со своите вселенски активности. Така, Русија падна на третото место на светско ниво

The post Русија постави 53 сателити во Земјината Орбита appeared first on Република.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари