Екипата на Соколи ја оствари четвртата победа во Втората кошаркарска лига. Во дерби натпреварот од 5.коло штипскиот тимот беше подобар од Маџари со 96-85.
Соколите имаа неверојатна шутерска вечер во која погодија 16 тројки. Од нив Костадинов реализира седум.
Гостите одиграа помотивирани во првото полувреме во кое ги служеше и шутот. Погодија Сокол дури 9 тројки, па на одмор заминаа со 14 предност 49-35. И во третиот период гостите од Штип продолжија со канонадата погодуваа од сите страни па во последната четвртина влегоа со +19 (54-73). Предначеше Костадинов кој реализира шест во второто полувреме. Немаа договор домаќините
До четвртата победа стигна и составот на Ангели кој очекувано ја совлада најслабата екипа во лигата Академија ФМП.
И Струга одржи чекорот во водечките екипи откако славеше на гостувањето кај Бутел.
Шанса за четврта радост утре ќе имаат кошаркарите на Борец баскет и тоа во дуелот со Водно Санс пред своите навивачи во Велес.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 5.КОЛО
Сабота
МАЏАРИ – СОКОЛИ 85-96
МЕГА БАСКЕТ – РАБОТНИЧКИ 2018
АНГЕЛИ – АКАДЕМИЈА ФМП 79-55
БУТЕЛ – ЦРН ДРИМ 64-73
Недела
16.00 ОХРИД – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
17.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – ПАРТИЗАН ВОДНО САНС
The post Соколи со ,,канонада” на тројки го совлада Маџари во второлигашкото дерби appeared first on .