back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Приходот од трката во Барселона ќе биде дониран за Валенсија

Над 200 лица загинаа во страшните поплави кои ја погодија Валенсија, па поради тоа требаше да се откаже и последната трка во Мото ГП, која потоа беше закажана во Барселона.

Парите кои ќе бидат собрани од билети ќе се донираат во фондови наменети за помош на настраданите од големата катастрофа во Валенсија.

Билетите за трката која се вози од 15 до 17 ноември се пуштени во продажба, а за првите 24 часа беа продадени повееќ од 30.000 карти.

Хорхе Мартин во моментов е на првото место со 485 бодови, додека Франческо Бањаја е втор со 461 поен.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари