back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТ„Мојата фарма...

„Мојата фарма е уништена, ги загубив сите животни“

Разорни бури погодија големи делови на Шпанија, при што загинаа најмалку 95 лице. Ситуацијата е најтешка во Валенсија, а во оваа покраина спасувачите во извлекоа двоцифрен број на тела.

Ужасните поплави ги претворија улиците во реки и заробија стотици луѓе во нивните домови. Некои беа принудени да се качуваат на дрвја, столбови за светло и очајнички да бегаат на горните катови на зградите за да избегаат од водата.

Застрашувачки фотографии и видеа од потопени градови и населби стигнаа во светот од Валенсија, а се огласи легендарниот голман Сантијаго Канизарес (54), кој своевремено со Валенсија бранеше во финалниот натпревар од Лигата на шампиони.

Легендарниот Шпанец бил сведок и на ужасни и хаотични сцени, а тоа го откри во интервјуто кое го даде за „Радио Марка“

„Ова е драма на колосални околности. Не знам што ќе најдат кога ќе можат да пристапат до куќите. Мојата драма не е споредлива со онаа на другите луѓе, но претпоставувам дека патиштата до мојата фарма се уништени и го изгубив моите животни (кучиња, кокошки, кози…)“, изјави Канизарес со депресивен глас и додаде:

„Денес Валенсија се буди тажна. Солидарноста е на место и време е да се обидеме да се вратиме во нормала со помош на сите. Моите деца не одеа на училиште. Време е да го растовариме градот и да ја оставиме Брзата Помош да оди по улиците“, додаде Канизарес.

 

 

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари