back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаЕКОНОМИЈАМинистерствот...

Министерството за енергетика ќе ги додели ваучерите за инвертер клими

Министерството за енергетика, ридарство и минерални суровини денеска ќе ги додели ваучерите за инвертер клими. На доделувањето во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје најавено е присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Оваа мерка, како што соопштуваат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, е во насока на остварување на целите на Владата за поддршка на животниот стандард на граѓаните и намалување на аерозагадувањето.

Според Министерството, вкупно 6 182 домаќинства ќе добијат ваучери. Преку Програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата добитници на вредносен ваучер од 23 000 денари или 25 000 денари се 4 591 домаќинство, а преку Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија добитници на вредносни ваучери во вредност до 30 000 денари се 1 591 домаќинство.

Доделувањето на ваучерите во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одвива од 9 до 17 часот, а во Битола во спортската сала „Боро Чурлески“ од 9 до 17 часот, додека за останатите градови, подигнувањето на вредносните ваучери ќе биде во центрите за вработување за што Министерството склучи меморандум за соработка со АВРМ.

За граѓаните што нема да бидат во можност да ги подигнат ваучерите на одредениот датум, обезбедена е дополнителна флексибилност – ваучерите да можат да ги подигнат до крајот на месецот, во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

The post Министерството за енергетика ќе ги додели ваучерите за инвертер клими appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари