back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАПретседателка...

Претседателката Сиљановска Давкова се потпишав во Книгата на жалост отворена во Амбасадата на Република Србија во Скопје

Денеска со длабока тага и искрено сочувство, се потпишав во Книгата на жалост отворена во Амбасадата на Република Србија во Скопје, изразувајќи ја мојата поддршка и солидарност по повод трагичниот настан на железничката станица во Нови Сад, објави социјалната мрежа на Фејсбук претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова.

Моите мисли и молитви се со семејствата и блиските на оние кои трагично го загубија животот, меѓу кои и еден Македонец.

Во знак на почит и солидарност, утрово остварив телефонски разговор со српскиот претседател, господинот Александар Вучиќ, кому му го изразив моето длабоко сочувство и поддршка во овие моменти на голема тага.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари