back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаЕКОНОМИЈАВице Заев ста...

Вице Заев стана мнозински сопственик во Герас Цунев-трговија и Герас Цунев-конфекција

Тотал инжинеринг ДООЕЛ Струмица, каде управител е бизнисменот Вице Заев, брат на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, стана мнозински сопственик на Герас Цунев-трговија АД Струмица и Герас Цунев-конфекција АД Струмица.

Од Тотал инженеринг, како што објави еМагазин, пред неколку дена најавија намера за целосно преземање на друштвата.

Во меѓувреме, додека понудата за преземање да биде одобрена од Комисијата за хартии од вредност, Тотал инженеринг, кој веќе беше акционер со над 5% од акциите во Герас Цунев-трговија, купи 33.145 акции, информираа од таму преку Македонската берза и сега поседува 50.303 обични акции или 73,25% од вкупниот број на акции.

Снежана Јанева и ДПТУ Јавор транс ДОО не се повеќе акционери во Друштвото.

Од Герас Цунев-конфекција преку Македонската берза исто така информираа дека Тотал инженеринг, кој исто така е акционер со над 5% од акциите, купил 32.860 обични акции и сега поседува 49.841 акции или 73.30%.

И овде Снежана Јанева и ДПТУ Јавор транс ДОО не се повеќе акционери.

 

The post Вице Заев стана мнозински сопственик во Герас Цунев-трговија и Герас Цунев-конфекција appeared first on еМагазин.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари