back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТКУЧИЊА ГО НАП...

КУЧИЊА ГО НАПАДНАЛЕ БЕКОТ НА ВАРДАР: Борозан има повеќе повреди од кучиња и неизвесен е неговиот настап против Порто

Тренерот на Вардар, Владо Недановски се соочува со проблеми пред утрешниот меч со Порто во 3. коло од ЕХФ Европската лига.

Најверојатно во тимот ќе го нема црногорскиот лев бек, Вуко Борозан кој викендот бил нападнат од кучиња скитници и добил повеќе повреди. Покрај Борозан има уште неколку повредени ракометари од редовите на „црвено-црните“.

– Имаме четири-пет повредени ракометари. Вчера Вуко Борозан додека ги шетал своите деца беше нападнат од улични кучиња и заврши во болница на шиење. Не знаеме дали ќе биде подготвен за настап, изјави Недановски.

Предводникот на вардарци најави бескомпромисна борба на теренот во обид да се дојде до победа.

-Знаеме колку е важен овој натпревар. Нема штедење, една и единствена опција е победата.

Натпреварот Вардар – Порто ќе се игра утревечер од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Фото: РК Вардар

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари