back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Промоција на збирка поезија „Акростихови“ на Борче Грозданов

Промоцијата на збирката поезија „Акростихови“ на Борче Грозданов е закажана за вечерва (19 ч.) во кафе барот „Браво“ во Буњаковец. Грозданов на ова патешествие ќе го придружуваат актерката Зорица Панчиќ и музичарите Добрила Грашеска, која патем и ќе чита стихов, Маријан Китановски и музичкиот техничар Неле.

Со 18. по ред книга, збирка поезија „Акростихови“, како што вели и самиот Борче Грозданов, постигнато е негово книжевно полнолетство. В неа се поместени 33 пеења со дел од неговите најмили и најблиски соработници, помагатели, роднини и пријатели. Ова е инаку седмата стихозбирка на Грозданов, а помеѓу 18-те книги тој најде простор за неговите рецензии со кои преку весникот ВЕЧЕР се издигна високо на театарската мапа на Македонија. Во неговиот опус има и уште две книги интервјуа, една збирка монодрами, авторизиран фрагментиран роман за неговиот живот, како и театарски монографии…

„Се надевам дека веќе в година ќе успеам да ја издадам веќе обмислената збирка ‘Акростихови 2’ во која ќе бидат поместени имињата на уште 33 животни сопатници”, изјави Грозданов.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари