back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаГрадоначалниц...

Градоначалниците на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир ќе ја финансираат Албанската академија

Градоначалниците на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир ќе го финансираат Академското здружение за науки и уметности на Албанците.

Градоначалниците кои доаѓаат од редовите на владејачката коалиција „Вреди“, денеска остварија средба со професори од ова Здружение на граѓани, со цел да се забрза динамиката за институционализација на оваа организација.

Тетовскиот градоначалник Билал Касами изјави дека ова е исклучително научен проект на „Вреди“ и нема за цел да предизвика етнички тензии или паралели во државната образовна номенклатура, туку за да создаде уште една научна институција која ќе ја обедини автентичната албанска мисла во заеднички и еднаков општествен развој.

„Овој проект ја одразува нашата визија за зајакнување на националниот идентитет на Албанците во најстратешките области – науката и уметноста,“ додаде тој.

Фото/Фејсбук-Касами

 

The post Градоначалниците на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир ќе ја финансираат Албанската академија appeared first on еМагазин.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари