Третата конференција „Наука за деца“ ќе се одржи на 18 и 19 октомври во просториите на училиштето НОВА во Скопје. Конференцијата ја организира Фондацијата „Кантарот“ под мотото „Надгради ја твојата реалност“. Присутните ќе ги поздрави Драгана Стикова, директорка на „Кантарот“, Иван Новаковски, директор на НОВС и Иго Бештел, директор на Француски институт во Скопје. Конференцијата ќе почне со свечено отворање и пет кратки предавања од финалистите на минатогодишниот конкурс за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“.
– Секое од предавањата е подготвено под менторство на истакнат македонски научник кој работи во странство, илустрирајќи ја разновидноста на научниот талент од Македонија. Потоа предавање ќе одржи проф. Бас Рокерс за виртуелната реалност и нејзиниот потенцијал да го трансформира начинот на кој учиме, играме и истражуваме. Отворањето ќе заврши со доделување на овогодишните награди за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“ и за најдобар млад презентер „Колега Стиков“ – велат организаторите.
Веќе на 19 октомври ќе биде отворена изложбата Parlez-vous fran-sci? во соработка со Францускиот институт во Скопје. Тогаш ќе бидат организирани и трите научни работилници за ученици на возраст од 10 до 15 години. За време на овие работилници децата ќе истражат еден научен концепт во виртуелна реалност, а потоа ќе имаат практична демонстрација на тема електромотори, капиларна активност или француска наука (една работилница по дете). Учесниците од 10 до 12 години ќе бидат на конференцијата од 10.30 до 13 часот. Учесниците од 13 до 15 години ќе бидат на конференцијата од 12 до 14.30 часот.
Сите што сакаат да се регистрираат треба да направа симболична донација за фондацијата, Минималниот износ е 200 денари, но повисокиот износ ќе придонесе да биде организирана поквалитетна конференција. Упатствата за донација се наоѓаат на секој од формуларите за регистрација. Доколку некој не може да си го дозволите минималниот износ за донација, треба да се регистрира и да испрати мејл на naukazadeca.mk@gmail.com, и организаторите ќе најдат соодветно решение. Бројот на места е ограничен:
Во продолжение распоред на работилниците со линкови:
Утрински работилници – деца од 10 до 12 години, од 10.30 до 13 часот во НОВА, одберете една.
Виртуелна реалност + капиларна акција (деца од 10 до 12 години)
Виртуелна реалност + електромотори (деца од 10 до 12 години)
Виртуелна реалност + француска наука (деца од 10 до 12 години)
Попладневни работилници – тинејџери од 13 до 15 години од 12 до 14.40 часот во НОВА, одберете една.
Виртуелна реалност + капиларна акција (тинејџери од 13 до 15 години)
Виртуелна реалност + електромотори (тинејџери од 13 до 15 години)
Виртуелна реалност + француска наука (тинејџери од 13 до 15 години)
The post „Надгради ја твојата реалност“ – трета конференција „Наука за деца“. Пријавете се! first appeared on УМНО.МК.