back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТВо Украина ра...

Во Украина рации и во баровите, се бараат оние кои не одговориле на регрутирањето

Украинската воена полиција спроведе рации низ Киев проверувајќи ги документите за воена регистрација, а мажи кои не се пријавиле на воена служба биле приведени, објавија денеска локалните медиуми.

Според медиумите, официјални лица синоќа се појавиле во Киевската палата на спортот по концертот на украинската рок група Океан Елзи.

Рации беа извршени и во трговски центри, ресторани и барови.

Ваквите акции не се вообичаени во главниот град и ја покажуваат големата потреба на Украина од нови војници, пишува АП.

Сите украински мажи на возраст меѓу 25 и 60 години можат да бидат регрутирани, а мажите на возраст меѓу 18 и 60 години не смеат да ја напуштат земјата.

Локалните извештаи велат дека рации биле извршени и во клубови и ресторани во други украински градови, вклучувајќи ги Харков и Днипро.

Украина ја интензивираше својата мобилизација оваа година. Нов закон стапи на сила оваа пролет со кој се бара од оние кои ги исполнуваат условите за воена служба да ги внесат своите информации во онлајн систем или ќе се соочат со парични казни.

Украинската армија денеска соопшти дека нападнала нафтен терминал под руска контрола во Луганск, од каде што се снабдува руската армија за војната.

„Единствено од што треба да се плашиме е дека ќе ја предадеме нашата татковина на грабеж на банда лажговци, крадци и лицемери“, напиша тој на 17 јануари 2022 година.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари