back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАЕУ очекува да...

ЕУ очекува да ги види предлозите за замената на балансерот

Делегацијата на Европската унија во земјава денеска излезе со свој став по одлуката за укинување на балансерот, нагласувајќи ја „важноста на континуираното спроведување на Охридскиот договор“.

-Ја нагласуваме важноста од континуирано спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој повикува на целосно почитување на принципот на недискриминација и еднаков третман, особено во јавната администрација.

ЕУ Делегацијата ја нотира одлуката на Уставниот суд. Одлуката на Судот доаѓа откако владата ги објави своите намери да го реформира системот и да го замени Балансерот. Очекуваме да ги видиме предлозите, стои во ставот на Делегацијата.

-Да не се избрзува со носење на закон кој ја третира правичната застапеност на етничките заедници во јавниот сектор, порача денес министерот за администрација Горан Минчев. Според него, потребно е решение кое ќе биде одржливо на долг рок и во чие креирање ќе бидат вклучени и експертите.

Коалицискиот партнер ВЛЕН тврди дека имаат готов Закон. Ги чекаат мислењата на меѓународните партнери, по што решението ќе влезе во собраниска процедура.

-Со укинување на балансерот се удира по темелите на Рамковниот договор, вели Зијадин Села кој е дел од Европскиот фронт.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека останува примената на начелото за соодветна и правична застапеност, но со објективни критериуми за избор на најдобриот кандидат за вработување.

Балансерот беше воведен во 2016-тата година.

The post ЕУ очекува да ги види предлозите за замената на балансерот appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари