back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаЗасега нема м...

Засега нема македонски државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираа дека до овој момент нема македонски државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан.

-Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија во неколку наврати ги повика сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика и апелираше да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни, велат од Министерството за државната агенција МИА.

Оттаму додаваат дека Министерството ги ставило сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани преку 24 часовниот СОС дежурен телефон на Министерството за надворешни работи +389 75 268 736 (мејл адреса: globalsos@mfa.gov.mk).

-До овој момент нема наши државјани кои се обратиле до Министерството за помош или евакуација, ниту е пристигнато известување дека има наши државјани кои се наоѓаат во земјата, наведуваат од Министерството.

The post Засега нема македонски државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан appeared first on еМагазин.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари