back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Награда за животно дело за Џони Деп на Филмскиот фестивал во Рим

Џони Деп ќе биде почестен со награда за животно дело на филмскиот фестивал во Рим, кој ќе се одржува од 16 до 27 октомври, пренесува „Holivud riporter“.

Џони Деп последен пат настапи во Италија со неговиот бенд „Hollywood Vampires“ (со Алис Купер и Џо Пери) во 2018 година. Во Рим ќе го претстави својот нов режисерски проект „Моди – Три дена на крилото на лудилото“, кој го отсликува турбулентниот живот на уметникот Амедео Модиљани во Париз во 1916 година.

Главните улоги ги толкуваат Рикардо Скамарсија, Ал Пачино и Антонија Десплат, а филмот ќе биде прикажан во Рим по светската премиера на филмскиот фестивал во Сан Себастијан.

Текстот Награда за животно дело за Џони Деп на Филмскиот фестивал во Рим е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари