back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСредба Муцунс...

Средба Муцунски – Гераптеритис во Њујорк: почитувањето на меѓународното јавно право е од суштинско значење за обезбедување на иднина заснована на заеднички просперитет

На маргините на Генералното собрание на ОН, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис.

Оваа средба претставува важен чекор напред во зајакнувањето на регионалната соработка и значајно унапредување на дипломатските односи. Во текот на конструктивната дискусија посебно внимание беше посветено на можностите за развој на трговијата, инфраструктурата и инвестициите во енергија, како клучни области, каде постојат реални можности за проширување на соработката.

Почитувањето на меѓународното јавно право е од суштинско значење за обезбедување на иднина заснована на заеднички просперитет и одржлив мир. Заемната посветеност на овие принципи е основа за успешна реализација на идни корисни иницијативи и проекти, нагласуваат од МНР.

Текстот Средба Муцунски – Гераптеритис во Њујорк: почитувањето на меѓународното јавно право е од суштинско значење за обезбедување на иднина заснована на заеднички просперитет е превземен од МАКФАКС.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари