back to top
1.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаЕКОНОМИЈАБанкротира ла...

Банкротира ланец на евтини продавници: Затвораат дури 300 објекти

Ланецот на дисконти „Big Lots“ во Америка прогласи банкрот, а ќе затвори најмалку 300 продавници, пишува „CNN“.

Компанијата постои речиси 60 години и претходно предупреди дека нејзиниот опстанок е „под знак прашање“.

Сега и официјално е прогласен банкрот, а сите продавници ќе ги купи приватната фирма „Nexus capital management“.

„Се надеваме дека со новите сопственици, кои веруваат во нашата идеја и обезбедуваат финансиска стабилност, ќе ги забрзаме подобрувањата на нашите перформанси и ќе го исполниме нашето ветување да бидеме лидер во екстремна вредност“, изјавил директорот на компанијата „Big Lots“, Брус Торн, пренесува „CNN“.

„Big Lots“ најави затворање на околу 300 продавници низ Америка, а вкупно ги има 1.400. Засега не се најавуваат конкретни затворања, но компанијата предупреди дека ќе ги затвори вратите на повеќе локации за да биде ефикасна.

За ваквата состојба придонесоа голем број економски фактори, вклучително и инфлацијата и зголемувањето на каматните стапки.

The post Банкротира ланец на евтини продавници: Затвораат дури 300 објекти appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари