back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈА(ВИДЕО) Митев...

(ВИДЕО) Митева: Филипче има имот над 1,3 милиони евра

СДС и Филипче молчат повеќе од 48 часа за пет стана на Венко Филипче во Скопје, кои сега шест години откако првпат стана функционер пријавува дека ги поседува, а со нив се стекнал пред воопшто да влезе во политика. Загрижува молкот и од надлежните институции. Доволно е да се погледнат двата анкетни листови на Филипче од 2018 и 2024, и ќе се дојде до едноставен заклучок дека имотот кој го поседува сега е стекнат пред 2018, но тоа не го пријавил кога станал министер. Уште по фрапантно е што пак имотот кој го пријавил во 2018 година не го пријавил сега, а ниту пријавил остварени приходи од продажба, изјави Марија Митева, портапрол, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Апелираме ДКСК веднаш да отвори предмет и ОЈО да поведе постапка за Филипче. Недвижниот имот кој Филипче го пријавил во 2018, а сега го нема е над 600.000 евра. Каде е имотот, а ако го продал зошто не ги пријавил парите? Недвижниот имот кој Филипче пак го пријавил во 2024 година, а потенцираме е стекнат пред 2018 година, согласно достапните информации може да се процени на над 700.000 евра. Дали Венко Филипче криел имот и притоа заборавил што пријавил во 2018 година? Колку уште имот крие Венко Филипче? Ако се собере вредноста на недвижниот имот на Филипче од 2018 и 2024 година се доаѓа до сума од над 1,3 милиони евра. Институциите не смеат да останат неми. Филипче и СДС наместо да молчат треба да почнат да даваат одговори – рече Митева.

Текстот (ВИДЕО) Митева: Филипче има имот над 1,3 милиони евра е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари