back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

 Благодарници за жителите што го гаснеа пожарот во Расадник

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на сите, како што ги нарече, „локални херои што се вложија несебично во гаснењето на пожарот во Расадник“ денеска им додели благодарници. Тие ќе добијат и симболична парична награда, во знак на почит за пожртвуваноста.

– Не сите херои носат наметки. Овие храбри момци, наши соседи и пријатели, рамо до рамо, заедно со мене и со противпожарните екипи на Градот Скопје, се вклучија во гаснењето на големиот пожар, кој го зафати Расадник во Кисела Вода. Не штедејќи се себеси, својот живот, пожртвувано и храбро се бореа со пламените јазици и ги спасуваа своите домови и домовите на своите соседи. Вашиот влог е поголем од херојство. Благодарам за несебичната битка и за напорот во справувањето со пожарот. Благодарам до сите вас, подеднакво – истакна Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека треба да се држиме заедно, бидејќи така сме посилни.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари