Јапонски разузнавач е уапсен во Белорусија, јавија денеска белоруските медиуми.
Се тврди дека уапсениот се занимавал со собирање податоци за социјалните и економските услови во Белорусија, спроведувањето на кинеската иницијатива „Појас и пат“ и ситуацијата на границата меѓу Белорусија и Украина.
Се наведува и дека уапсениот снимал воени објекти, пренесува Ројтерс.