Кошаркарскиот клуб Гостивар објави дека потпиша со Младен Грушановиќ, кошаркар од Србија кој игра на позициите 3 и 4.
Грушановиќ кој е висок 200 см и има 27 години, досега во својата кариера играл за екипите на Јагодина, Динамик, Беовук, Вршац, Ловќен Осијек.
Претходно во текот на денот од КК Гостивар информираа дека е продолжен договорот со Максим Митевски.