ТВ Клан објави видео од свадбата на која присуствуваше собранискиот спикер Африм Гаши во Косово.
Снимката е објавена на социјалните мрежи, а може да се забележи дека Гаши доби посебна покана за да го поведе орото.
Претходно, објавена беше снимка на која се гледа дека тој на свадбата е со службено возило и обезбедување. Токму тие снимки беа причина опозицијата деновиве да го критикува Гаши. За владејачкото мнозинство, самата позиција на Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба.
The post Гаши го води орото: Весело на косовската свадба каде што беше собранискиот спикер appeared first on Република.