Хрватските ракометари претрпеа тежок пораз од селекцијата на Шведска со 38:27 во четвртото коло од групата А на олимпискиот турнир.
Така, пласман во четвртфиналето ќе мора да бараат на последниот меч против Шпанија.
Хрватите почнаа добро и во неколку наврати имаа плус четири гола на своето конто. Потоа дојде до голем пад во играта што им овозможи на Швеѓаните да го наметнат својот ритам. Продолжија проблемите за Хрватите и во одбраната и во нападот, па репрезентативците од северот на Европа брзо стигнаа до 18:15.
Швеѓаните на своја страна го имаа расположениот голман Андреас Паличка, кој го бранеше и невозможното, додека тоа не беше случај на другата страна.
Во вториот дел Хрватска постигна гол едвај на истекот на шестата минута. Дувњак го прекина постот за 23:16. Тогаш веќе беше јасно дека Хрватска нема да може да ја достигне предноста на ривалот, која само растеше од минута во минута.
Ова е дефинитивно најтешкиот пораз на Хрватска на Олимписките игри, а тие ќе се обидат да победат против Шпанија во последното коло од групната фаза за пласман во четвртфиналето.
The post Тежок пораз за Хрватска на Олимпијадата, Шведска пресилна appeared first on Република.