back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаБАЛКАНОсумгодишно м...

Осумгодишно момче во Фурка спасено од давење, помогнале присутните

Драмата на осумгодишното момче кое за малку ќе го загубеше животот во морето кај Фурка на Халкидики имаше среќен крај.
Алармот се вклучил во понеделникот вечерта кога таткото на детето го видел осумгодишното како плови со лицето надолу во морето, пишува „Прототема“.
Преплашен, го извлекол на брегот и сфатил дека е во несвест. Но лекар кој бил во близина, веднаш започнал со реанимација.
Во исто време била известена и Итната помош, додека на местото за пет минути пристигнал волонтер-инструктор Темели Јерисиотис (член на грчкиот спасувачки тим), опремен со кислород и автоматски мобилен дефибрилатор.
За првите критични моменти за „Thesstoday.gr“ зборуваше искусниот спасувач.
Бев на работа во Фурка кога граѓаните во паника ме известија дека дете се дави. Притрчав кон плажата и го најдов детето на песок, додека докторот веќе му даваше прва помош. Голтнал многу вода. Во неколку минути му дадов медицински кислород, а набрзо пристигна и брзата помош кога се освести, раскажува тој.
Претседателот на непрофитната организација „Kids Save Lives“, Анастасис Стефанакис, ја истакна важноста од итно активирање на синџирот на преживување:
Од суштинско значење е во секој итен случај во близина да има здравствени работници и обучени граѓани кои знаат да пружат прва помош, како и достапност до надворешен дефибрилатор. Времето е нашиот најголем непријател. Не можеме и не смееме да чекаме итна помош со скрстени раце, заклучи тој.

The post Осумгодишно момче во Фурка спасено од давење, помогнале присутните appeared first on Република.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари