back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТПО ПУКОТНИЦАТ...

ПО ПУКОТНИЦАТА ВО БИХ: Босанската полиција застрела мигрант кој отвори оган од напуштена куќа во близина на градот Требиње

Босанската полиција застрела мигрант кој отвори оган врз полицајци од напуштена куќа во близина на градот Требиње во босанската Република Српска.

Полицијата во Требиње посочи дека лицето е убиено околу 23 часот по локално време.

Полицијата и жандармеријата вчера го опколија селото Зови До, каде засега непознато лице за кое се претпоставува дека е странец пукало од огнено оружје. Нема повредени полицајци, пренесе БТА.

Жителите на селото изјавиле дека лицето вчера рано утрото фрлило експлозивна направа врз локален жител. Нема информации за повредени.

фото: МИА архива

https://denesen.mk/pukotnica-vo-bih-policijata-go-blokira-nevesinje-kade-puka-nepoznato-lice-koe-ne-zboruva-srpski-i-ne-komunicira-na-angliski/

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари