back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАСИЉАНОВСКА-ДА...

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со кризната состојба со пожарите во државата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со пожарите.

Одлуката, како што информира денеска претседателкиот кабинет, е согласно Законот за управување со кризи, по донесената Одлука на Владата од 13 август 2024 година за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на државата.

– Начинот и интензитетот на кој припадниците на Армијата ќе помагаат на другите институции при гаснење на пожарите ќе го одредува Генералштабот на Армијата во согласност со побарувањата од Центарот за управување со кризи и состојбата на теренот, се вели во соопштението.

Според последните информации од ЦУК, само во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 49 пожари на отворен простор, од кои во моментов 12 се активни, седум се под контрола, 30 се изгаснати.

Фото: кабинет на Сиљановска Давкова

 

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари