back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаБАЛКАНМицотакис го ...

Мицотакис го прекина одморот поради пожарот во Атика

Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис денеска го прекина одморот и го посети Оперативниот координативен центар за операции и управување со кризи (ЕСКЕДИК) на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита, каде ги доби најновите информации за пожарот што од вчера беснее во Атика.

Во центарот бил информиран за противпожарната операција, распоредување на воздухопловни сили, капацитети, а придружуван од министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилија, пренесува порталот Прототема.

Голем пожар избувна вчера попладне во Атика и брзо се прошири во многу други области, поради што се вели дека владата е во состојба на готовност.

Текстот Мицотакис го прекина одморот поради пожарот во Атика е превземен од МАКФАКС.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари