back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Томас Бах нема да се кандидира за трет мандат на чело на ИОК

Претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет (ИОК), 70-годишниот Томас Бах, изјави дека нема да се кандидира за трет мандат на чело на олимпиското движење.

Бах е на чело на ИОК од 2013 година, но се откажа од нов мандат, што ќе повлече и промена на олимписката повелба.

„Пред сè сакам да го заштитам кредибилитетот на олимпиското движење. Долго размислував и дојдов до заклучок дека нема да се кандидирам за нов мандат“, рече Бах.

Неговиот наследник ќе биде избран на 143. седница на ИОК во Атина, што ќе се одржи од 18 до 21 март следната година. Бах ќе остане на функцијата до јуни следната година.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари