Полицијата извести дека во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат Пробиштип – Кратово, во близина на место викано – „Кундинска барака“ – Перово долче, мотоцикл „хамачи“ управуван од Љ.А.(18) од Пробиштип изгубил контрола и излетал од патот.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки повреди констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.
Текстот Момче со моторцикл излетало од пат, со тешки повреди завршило во болница е превземен од А1он.