back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Италија преку Турција до прво олимписко финале за „аѕурите“

Женската репрезентација на Италија комплетно ја оправда фаворитската улога и ја совлада Турција во полуфиналето на одбојкарскиот турнир во Париз со конечни 3-0, по сетови 25-22, 25-19, 25-22.

Ова е историска победа за Италијанките, бидејќи им го носи првото женско олимписко финале. Уникатен рекорд постави селекторот Хулио Веласко, кој сега има олимписко финале и со машката и со женската италијанска репрезентација.

Со пет победи од исто толку одиграни натпревари Италијанките ќе играат за титулата за два дена против Соединетите Американски Држави. За бронзата ќе се соочат поразените во полуфиналните натпревари, Турција и Бразил.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари