back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Во Вашингтон веруваат дека Иран може да се откаже од нападот на Израел

Иран може да ја преиспита својата одлука да го нападне Израел поради „силниот дипломатски притисок од Соединетите Американски Држави“, објави вчера Вашингтон пост, повикувајќи се на неименувани извори.

Претставници на Белата куќа веруваат дека интензивните дипломатски напори за ублажување на одмаздата на Иран за убиството на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије во Техеран минатата недела би можеле да имаат ефект, пишува весникот, истакнувајќи дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е бесна поради тајмингот на атентатот.

САД, заедно со нивните сојузници на Запад и на Блискиот Исток, ги повикуваат Иран и Израел да ги намалат тензиите и да спречат конфликтот да ескалира во сеопфатна војна.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера изјави дека новиот лидер на Хамас, Јахја Синвар, го има последниот збор за тоа дали групата ќе го прифати договорот за заложници и прекин на огнот.

„Како што беше случај веќе некое време, се е на него. Преговорите стигнаа до завршна фаза и веруваме дека приказната треба да заврши многу брзо“, изјави Блинкен на прес-конференција во Мериленд, веднаш откако Хамас одлучи дека Синвар ќе ја замени Ханија, пренесува „Џерусалим пост“.

Во прашање е предлогот за трифазно примирје со кое би се ослободиле 115 заложници во Газа во замена за ослободување на палестинските затвореници и терористи од израелските затвори.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари