back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Украинците бараат од Мексико да го уапсат Путин!

Украинската амбасада во Мексико ја повика мексиканската влада да го уапси рускиот претседател Владимир Путин,по кој има налог за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС), доколку пристигне во Мексико на церемонијата на инаугурација на новоизбраната претседателка Клаудија Шејнбаум.

„Имаме доверба во мексиканската влада дека ќе го исполни меѓународниот налог за апсење“ на Путин и дека ќе го „предаде на судското тело на ОН во Хаг“, доколку тој пристигне на инаугурацијата на Шејнбаум на 1 октомври, се вели во соопштението на украинската амбасада.

Меѓународниот кривичен суд во март минатата година издаде налог за апсење на Путин, кој е обвинет за воени злосторства за депортација на деца од окупираните територии на Украина во Русија

Мексико е еден од потписниците на Римскиот статут, според кој е основан МКС. Според Римскиот статут, секој од потписниците е должен да му го предаде на МКС секој кој е одговорен за меѓународни злосторства.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари