back to top
1.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАОпозицијата б...

Опозицијата бара интерпелација за Гаши, власта е на став дека не е потребна негова смена

СДСМ вчера побара премиерот Христијан Мицкоски итно да го смени Африм Гаши од претседател на Собранието поради инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром.
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на прес-конференција кажа дека опозицијата ќе му даде поддршка за тоа. Левица, пак, вчера во Парламентот поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието Гаши поради тоа што „воведува непринципиелни политики во Собранието“.
Претседателот на Левица Димитар Апасиев на прес-конференција рече дека очекува претседателот на Собранието, Гаши, да ја стави на дневен ред на седница по летниот одмор, односно на почетокот на септември, на првата наредна седница по истекот на 10 работни дена.
ВМРО-ДПМНЕ на тоа излезе со реакција дека „за разлика од времето на СДС кога немаше одговорност, сега во време на ВМРО-ДПМНЕ има експресна акција од институциите и никој не е поштеден. Одговорност има за секој кој се огрешил пред законот“.

-Ја разбираме нервозата во СДС затоа што слични инциденти имало и во минатото кога тие биле власт, но тогаш се заташкувале и се молчело, за разлика од сега, кога има акција и одговорност за секого. Има разлика. Државата е управувана од луѓе кои работат за подобра иднина на народот, за разлика од СДС и ДУИ кои работеа за себе, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ.


Владејачката партија не смета дека е потребна смена на собранискиот спикер, вели „одговорноста е лоцирана, институциите како никогаш до сега превземаа итни и неодлoжни мерки. Сега има кривични пријава, во минатото ваквите случаи беа ставани под тепих“

The post Опозицијата бара интерпелација за Гаши, власта е на став дека не е потребна негова смена appeared first on Република.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари