back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Кубански џин освои пет злата во иста дисциплина на ОИ

Ветеранот на светското борење 41-годишниот кубански борач Мијаин Лопез Нуњез постигна неверојатен историски резултат на ОИ во Париз, освојувајќи го петтиот златен медал на петтите игри по ред.

Во финалната борба во грчко-римски стил до 130 килограми, Лопез Нуњез го совлада Чилеанецот Јасмани Акоста Фернандез со 6-0 и освои нов златен медал во големата кариера.

Најдобар беше во Лондон, Рио Де Жанеиро, Токио и Париз. Со тоа Лопез Нуњез стана првиот спортист во историјата кој освоил пет златни медали во иста дисциплина.

Досега американскиот атлетичар Карл Луис во скок во далечина, американскиот пливач Мајкл Фелпс на 200 метри мешано, американската пливачка Кејти Ледецки на 800 метри слободно, Данецот Пол Елвстром во едрење, Американецот Алфред Оертер во фрлање диск и Јапонецот Каоир Ичо во борење освоија четири златни медали во иста дисциплина.

Иранецот Амин Мирзазадех и Кинезот Линже Менг освоија бронзени медали во оваа категорија во Париз.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари