back to top
1.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Во Централна и Источна Европа ќе недостасуваат дури 10 милиони работници

Седум земји од Централна и Источна Европа, вклучени во анализата на Ерсте Груп, ќе се соочат со намалување на бројот на работоспособно население за околу 10 милиони до 2050 година, што ќе биде значаен предизвик за пазарот на трудот и економијата воопшто.

Намалувањето на работоспособното население во земјите од Централна и Источна Европа се чини неизбежно. До 2050 година, според анализата на Ерсте Груп, работоспособното население во седумте земји од Централна и Источна Европа ЦИЕ7 (Чешка, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Словачка и Словенија) ќе се намали за околу 10 милиони луѓе, пишува Forbes Croatia, пренесува Bankar.me.

Ќе има 47 милиони работоспособни луѓе од 15 до 64 години наспроти 57,8 милиони колку што биле минатата година. Тоа е пад од 18 проценти во следните две и пол децении.

Истовремено се зголемува населението над 65 години, а до 2050 година во таа група ќе има 23,3 милиони луѓе, додека во моментов ги има 17,7 милиони.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари