back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Пожарот кај Слатина, Македонски Брод е локализиран и ставен под контрола

Пожарот кај селото Слатина, Македонски Брод, што избувна денеска, е локализиран и ставен под контрола, информираше градоначалникот Жарко Ристески.

Околу пожарот кај селата Брезница и Тажево, каде дваесетина дена на голема територија гори борова шума и се смета за најтешкиот во земјава, беше кажано оти денеска бил активен кракот накај Јасен.

„Пожарот околу селото Брезница е под контрола и се дежура со пожарникари и едно противпожарно возило. Огнот се движи бавно, но, оди накај викенд населбата, па оттаму ќе се дејствува во раните утрински часови“, рече Ристески.

Во гаснењето на овој пожар, вклучени се 35 унгарски пожарникари, 50 припадници на АРМ, пожарникари од единицата во Македонски Брод, како и воздушна поддршка.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари