back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Одбојкарите на Македонија во пријателскиот меч ја совладаа Швајцарија

Македонската машка одбојкарска репрезентација ја победија Швајцарија во три сета со 26-24, 25-21 и 25-20 во вториот пријателски натпревар одигран на гостински терен како дел од подготовките пред квалификациите за пласман на Европското Првенство 2026.

Никола Ѓорѓиев беше најефикасен во македонската селекција со 20 поени, Филип Савовски освои 11 поени, Александар Љафтов – девет, Владо Милев – три, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Ефтим Ричлиев и Стојан Илиев по два, а Тоше Ефремов, Стојче Арсов и Филип Лепидовски по еден поен.

Со оглед на карактерот на мечот, имаше и уште еден неофицијален, четврти сет, а во него Швајцарците беа подобри со 19-17.

Македонската репрезентација ќе се врати во Струмица по што ќе игра на турнирот „Чајка“ со Израел и со Косово.

Квалификациите стартуваат на 17. август со Грузија на гости и со Грција дома на 25. август.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари