Камала Харис освои гласови од доволно делегати на Демократската конвенција за да стане претседателски кандидат на партијата, изјави во петокот претседателот на Демократскиот национален комитет Џејми Харисон.
Политико пишува дека таа од потпретседател и втора шанса отиде на прво место.
„Толку сум горд што можам да потврдам дека потпретседателката Камала Харис заработи повеќе од мнозинството од гласовите на сите делегати на конвенцијата и ќе биде номинирана од Демократската партија по затворањето на гласањето на 5 август“, рече Харисон во видео снимката во петокот.
Засега не се знае кој ќе биде нејзин потпретседател.
Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември.