Бокс турнирот на ЛОИ во Париз во категоријата до 66 килограми понуди уште еден скандал, а одново во центарот на вниманието беше Иман Келиф, алжирската боксерка која на минатото Светско првенство падна на ДНК тестот кој покажа дека има машки хормони.
И покрај тоа, 25-годишната Келиф доби дозвола за настап во Париз, а дуелот против италијанската боксерка Анџела Карини го доби по само 46 секунди.
Италијанката реши да се повлече и го предаде мечот, не сакајќи да боксува против машко. Иако го започна, по неполна минута таа сигнализира дека се предава.
https://www.youtube.com/watch?v=vJ2HTJrb8aI&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.gol.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE