back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТКошаркаМакедонските ...

Македонските кошаркари ја совладаа Украина за петта победа во низа на ЕП Б дивизија

Македонската репрезентација со триумф вечерва над Украина од 83-72 ја продолжи победничката серија и со максимален ефект од пет победи од исто толку натпревари го завери првото место во групната фаза од Европското Првенство во Б-дивизијата за кошаркари до 18 години кое се одржува во Скопје.

Македонската репрезентација до петтата победа во завршното петто коло во групата Ц ја предводеа Јаничиќ со 21 поени и Кириловски кој уфрли поен помалку.

Противник на македонските кошаркари во четвртфиналето ќе биде Португалија, која заврши како второпласирана со групата Д. Мечот во Скопје се игра во петок во СРЦ „Кале“ од 21:00 часот.

Португалците во групната фаза триумфираа над Грузија (67-50) и Велика Британија (81-52), а претрпеа порази од Австрија (52-60) и Норвешка (71-76).

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари