back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТЃоковиќ рутин...

Ѓоковиќ рутински се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри во Париз победувајќи го Германецот Доминик Кепфер со 7:5 и 6:3 во сетови, а мечот траеше 54 минути.

Ѓоковиќ во Париз го брка вториот олимписки медал по бронзата во Пекинг пред 16 години.

Противник во четвртфиналето ќе му биде Гркот Стефанос Циципас. Од 13 средби со него, Ѓоковиќ победи на 11.

Текстот Ѓоковиќ рутински се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари