back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
дома(Видео) На вт...

(Видео) На вториот по големина грчки остров, Евија, гори веќе два дена

Повеќе од 200 пожарникари со помош на хеликоптери и „канадери“ втор ден по ред гаснат шумски пожар на вториот по големина грчки остров, Евија, поради што е наредена евакуација на две села, соопштија властите.

Пожарот избувнал во селото Петриес во центарот на островот во понеделникот околу 15 часот и силниот ветер помогнал бргу да се прошири. Денеска, пожарот го гаснат околу 200 пожарникари со помош на 13 „канадери“ и шест хеликоптери, а во подготвеност е и брод на крајбрежната стража за можна евакуација по море.

И покрај големите напори, состојбата на Евија денеска е подобра, но поради ветерот, тлее и на изгорените површини, а ризикот од пожар сѐ уште е зголемен, предупредува министерот за цивилна заштита, Василис Кикилијас.

Пожарите во Грција зачестија во последните години во текот на топлите и суви летни месеци. Минатата година во Грција избувнаа повеќе од 8.000 пожари.

Премиерот Кирјакос Мицотакис изјави дека Грција повторно се соочува со тешко лето во однос на климатските услови и предупреди дека август е сè уште на прагот и дека земјата мора да остане на готовност.

Неколку стотици шумски пожари избувнаа во Грција од мај. Во 2021 година Евија се соочи со разорен пожар, кој претвори во пепел 46.500 хектари земја.

Текстот (Видео) На вториот по големина грчки остров, Евија, гори веќе два дена е превземен од МАКФАКС.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари