back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈААрмиски хелик...

Армиски хеликоптер и трите „ер-трактори“ ќе го гаснат пожарот кај светиниколско

Пожарот кај светиниколско утринава сè уште е активен, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, фронтот на огнот е многу широк, но населените места не се во опасност. На терен работат пожарникари, а како што вели Ангелов во приправност има доволно припадници на Армијата кои се вклучуваат во гаснењето на пожарот на барање на локалните командири.

Во текот на денот, на овој пожар Ангелов вели дека ќе делуваат еден армиски хеликоптер „ми-17“, како и трите „Ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Пожарот во Светиниколско е активен од вчера попладне и направи огромна штета на имотите на жителите.

Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, вчера рече дека пожари има во атарот на селата Орел, Немањици, Малино, Ерџелија, Делисенци и други места. Во гасењето учествуваа пожарникарите од Свети Николе, Велес, Штип, Неготино, Кавадарци, АРМ, хеликоптери и многу доброволци кои несебично цел ден гасеа пожари.

The post Армиски хеликоптер и трите „ер-трактори“ ќе го гаснат пожарот кај светиниколско appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари