back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТЃоковиќ ја до...

Ѓоковиќ ја доби класиката со Надал за пласман во 3.коло на ОИ

Најинтересниот натпревар на третиот ден на ОИ во Париз се одигра на тенискиот турнир. Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се судрија во второто коло, а победи Србинот.

Ѓоковиќ во два сета го доби Шпанецот на теренот на кој Надал има освоено најмногу Гренд-слем трофеи.

За првиот сет на Новак му требаа 39 минути, а на противникот му препушти само еден гем (6-1).

Во вториот Ѓоковиќ водеше со 4-0, но Рафа се врати и израмни на 4-4. Сепак, Шпанецот немаше сили да го сврти сетот, па Ѓоковиќ го доби со 6-4, а мечот со 2:0.

Тоа беше 60-тиот меч на двајцата најдобри тенисери на сите времиња. Новак се радуваше на 31 победа, а Надал има две помалку (29).

The post Ѓоковиќ ја доби класиката со Надал за пласман во 3.коло на ОИ appeared first on .

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари